МИОА: Обезбедуваме поддршка за унапредување на процесот на дигитализација

12

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска во просториите на МИОА оствари работен состанок со амбасадорот на Народна Република Кина, Жанг Зуо.

За време на состанокот со кинескиот амбасадор, како што соопшти Министерството, се разговарало за можноста за продлабочување на соработката меѓу нашите две земји во ИТ секторот.

-Потенцијалот на Народна Република Кина во однос на ИТ инвестициите е огромен. Исто така помошта што оваа земја може да ја понуди во форма на консултации во ИТ секторот е многу добредојдена, рекол Шаќири.

Тој му се заблагодарил на кинескиот амбасадор за досегашната поддршка во процесот на дигитализација и за укажаната помош во периодот на пандемијата.

На средбата станало збор и за тоа дека двете земји треба да се заложат за продлабочување на соработката во иднина.