Посетителите на најголемиот германски забавен парк во средата поминаа 40 минути на своите места на тобоганот, кој застана пред првото искачување, изјави портпаролот на паркот.
Во средата пред првото искачување запреа вагоните на тобоганот „Блу Фајр“ во „Европа парк“ во Руст, во близина на француската граница.
Портпаролот рече дека вкупно 20 луѓе се заглавени.
Набрзо проблемот бил решен и тобоганот повторно тргнал.
Направен е преглед на тобоганот при што е констатирано дека е потребно да се замени мал дел за магнетното движење.
Вагонот откажа при првото искачување поради „недоволна енергија при стартување“, објасни портпаролот, нагласувајќи дека не станува збор за опасна ситуација.
Тоа не е прв инцидент со тој тобоган.
„Блу Фајр“ не успеа да се сврти во април, па се враќаше четири пати.
Panne im Europa-Park: Fahrgäste sitzen 40 Minuten in Achterbahn fest https://t.co/ZCgAm1dhZN via @derspiegel
— #Tajik-German (@energylnsights) September 12, 2024