Министерство за финансии: Највисоки оценки во регионот за земјата за транспарентност и достапност на буџетските документи

103

Министерството за финансии на својот фејсбук профил објави дека земјата е оценета со највисока оценка меѓу државите во регионот во однос на транспарентноста и достапноста на буџетските документи.

-Транспареност и достапност на буџетските документи со највисока оценка споредено со земјите во регионот, покажува Националниот монитор за реформи во јавната администрација 2019/2020 објавен од Институтот за европска политика. Преземени се значајни чекори за подобрување на управувањето со јавните финансии во земјата. Најзначајни се: Апликацијата Граѓански буџет, Порталот Отворени финансии, Алатката Капитални расходи и Алатката за јавен долг, стои на фб статусот на Министерството за финансии.
Воедно, се посочува дека Годишниот извештај за извршување на буџетот, извештаите за извршување на буџетот во тековната година и полугодишните извештаи за извршување на буџетот се достапни на интернет страницата на Министерството за финансии