Министерството за правда по денешната прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска подвлече дека законот за Jавно обвинителство се подготвувал долг временски период во Министерството за правда, од работна група во која што учествуваат домашни експерти, научната јавност, јавни обвинители, но исто така и странски експерти и дури странски јавни обвинители кои што давале сугестии и мислења за одредени прашања поврзани со Законот.
“Законот е се уште на маса и доколку ВМРО-ДПМНЕ сака да учествува во процесот, тогаш нека подготви амандмани на овој текст – се останато е алиби за недонесување на законот” – тврдат од министерството за правда.