Министерството за одбрана на Австрија отпушти антиваксерка

30

Австриското Министерство за одбрана отпушти припадничка на австриската армија откако таа учествуваше во протести на антиваксери и шири теории на заговор, повикувајќи на отпор кон епидемиолошките мерки.

Отпуштената на својот Фејсбук профил повикува на отпор кон „корона диктатура“, како и на демонстрации против вакцинацијата, а преку социјалните мрежи шири теории на заговор. Се работи за офицер на австриската армија која до неодамна беше вработена во Министерството за одбрана како советник.

Портпаролот на МО Михаел Бауер изјави дека институцијата го раскинала договорот за вработување на жената, во согласност со законскиот рок од пет месеци, бидејќи таа ги прекршила работните обврски.