Министерот на еден ден сака да стане претседател?

76

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е во потполност политички истрошен,рече поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов на прес конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сега се исполнети сите услови ова е желба на членството многу луѓе велат време е, не очекувам дека сега Мицкоски ќе даде оставка, тој нема да даде оставка сега, тоа ќе го стори кога ќе биде доведе под притисок на членството, кажа Андонов.

Иницијативата за промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ е на фракцијата за Демократско ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека тој говореше во позадина од прес-центарот, од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се слушаше музика.