Министерот Бочварски го кажа судбоносното „ДА“

112

Министерот за транспорт и врски,  Благој Бочварски го кажа судбоносното „ДА“ и својата својата љубов со Маринела Серафимова ја круниса со брак, а свадбената церемонија се одржа во Штип објави 24 Инфо.

Актуелниот министер за транспорт и врски лани во август ја побара за сопруга својата избраничка, а веридбата ја најави за есента.

Бочварски тогаш рече дека свадбата ќе се одржи следната година кога ќе стивне пандемијата.

Тој претходно скоро една година е во врска со 24 годишната Маринела која е од Штип.