Минатиот месец е измерено најмало количество мраз во Антарктичкото море

28

Во текот на јули е измерено најмалото количество мраз на антарктичкото море откако се направени мерењата, објави службата на ЕУ за сателитски мониторинг „Коперник“.

Мерењето утврди дека мразот на Антарктичкото море зафаќа површина од 1,53 милиони квадратни километри, што е за седум отсто помалку од просекот за јули во периодот од 1991 до 2020 година.

Ова е воедно и најмалото количество мраз во јули од почетокот на сателитските набљудувања пред 44 години.

Негативниот рекорд претходно беше соборен во јуни, пренесе АФП.

„Коперник“ наведува дека количината на мраз се намалува на поширокото подрачје, а од февруари е под просекот.

Претходниот месец беше најсушен јули низ северниот дел на Европа и во Велика Британија, а „Коперник“ наведува дека и на Антарктикот тој месец бил посув од просекот и дека на неколку локации биле срушени рекордите за минимална количина на врнежи.

Овие услови влијаат на локалната економија и го олеснуваат ширењето и интензивирањето на пожарите“, се вели во соопштението.

„Коперник“ наведува дека месецот јули бил невообичаено сушен низ Северна Америка, Јужна Америка, Централна Азија и Австралија.

„Можеме да очекуваме продолжување на се почестите и подолги периоди на екстремно високи температури, бидејќи глобалната температура продолжува да расте“, рече научникот од „Коперник“ Фреја Вамборг.