Милош Биковиќ ќе стане татко: „Ова е најважниот момент во нашите животи“

2217
Фото: Instagram

Актерот Милош Биковиќ за неколку месеци ќе стане татко, а сега призна дека ова е најважниот момент во животот на неговата девојка Ивана Малиќ и него.
Милош на својот Инстаграм профил објави фотографија со која напиша дека се пресреќни, но дека се уште немале храброст да ја споделат веста со јавноста:

– Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважниот момент во нашите животи. Засега не сакавме да го откриеме, но папараците не доведоа во ситуација да немаме избор. Ви благодариме на сите за убавите зборови и честитки, а ги молиме медиумите и новинарите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашиот приватен живот. Кога ќе сакаме да разговараме на оваа тема, дефинитивно ќе ве контактираме – изјави Милош.

Ивана и тој беа во врска три години, а на почетокот на оваа година започнаа заеднички живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)