Милошоски: Оставка за Ковачевски и Османи, францускиот предлог е нивен дипломатски неуспех

58

Францускиот предлог е грешка и дипломатски неуспех на Владата на Димитар Ковачевски и Бујар Османи, и треба да си поднесат оставки од позициите, кажа пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во вечерашното гостување на ТВ24.

Милошоски смета дека доколку Ковачевски го одбиеше францускиот предлог пред една недела тогаш може да се разговара за тоа дека сакал да ги заштити националните позиции на државата, но како што истакна денеска, го одбил за да си ја заштити сопствената фотелја.

Милошоски додаде дека со прифаќањето на францускиот предлог и негово модицифирање во бугарското Народно собрание се создава дополнителен хендикеп на државата за идните предлози и ставови на Бугарија по однос на Македонија во рамки на Европската унија.