Милијардерите знаат најдобро

115

Најбогатиот човек на светот Џеф Безос кој ја изгради Амазон, најголемата продажна компанија на 21 век не го сторил тоа преку ноќ, туку со години континуирана работа.
Неговиот успех зборува за него самиот и со самото тоа е еден од најповиканите да дели совети за тоа како да се успее во животот и во бизнисот.

Ова се четири клучни совети кои тој им ги даде на претприемачите на конференцијата на Амазон МАРС 2019 во Лас Вегас.

Преземајте големи ризици

Ризикувајте. Треба да бидете подготвени да преземете ризик. Ако имате деловна идеја која не е ризична, некој веројатно веќе работи на неа. Таа мора да биде нешто што можеби нема да успее. Такво нешто на многу начини ќе биде експеримент.

Неуспехот нека не ве плаши
Постојано ризикуваме и зборуваме за неуспех, големи неуспеси се неопходни за да ги забрзаме работите. Ако не ги забрзаме, не земаме доволно голем залет. Потребно е да се залетате и да промашите, и тоа е во ред, смета Безос.

Бидете страствени

Имајте на ум дека се натпреварувате со оние кои се страствени.

Купувачите нека ви бидат опсесија

Најважно е да бидете опседнати со купувачите. Не треба да ги задоволите, треба целосно да ги одушевите, порача основачот на Амазон.