Милиони Израелци денеска се во засолништа

372

Израелското воено воздухопловство објави карта која, како што тврди, ги покажува локациите во Израел на кои Хезболах денеска испали ракети по почетокот на копнената инвазија на Либан.

“Милиони Израелци денска беа присилени да одат во засолништа”, објавија.

Командата на внатрешниот фронт на ИД издаде нови ограничувања за цивилите во северен и централен Израел, вклучувајчи ги Тел Авив, Ерусалим, регионот Шарон, областите Кармел, Вади Ару и северниот Западен брег, откако Хезболах испали ракети на центарот на земјата, во очи на претстојниот празник еврејска Нова година.

Образовните активности и работните места се дозволени само ако во близина има адекватно засолниште и ако може да се дојде на време, се наведува во соопштението на ИДФ.

Има ограничувања и за собирањата: до 30 луѓе на отворено и 300 луѓе во затворен простор.

Плажите ќе бидат затворени, соопшти ИД.