Миле Јанакиески претепан во Шутка, со повреди завршил и Спире Ристовски

106

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и екс министерот за труд и социјална политика Спире Ристовски, сега осомничени за организација на настаните од 27 април во Собранието,  денеска биле физички нападнати во дворот на Истражниот затвор во Шуто Оризари.

Миле Јанакиески со повреди на главата и на раката е префрлен во воената болница, а Спиро Ристовски е сместен во затворскиот стационар со повреди на носот и на аркадата. Се утврдува дали има скршеници, објави Телма.

Сопругите на двајцата поранешни функционери кои се нападнати, за Телма тврдат дека инцидентот покажал дека не се безбедни и велат дека се сериозно загрижени за нивниот живот.

Според она што го слушнале од нивни информации, Сања Јанакиеска и Маја Ристеска објаснуваат дека припадници на групата од Диво Насеље кои се во Шутка првин го нападнале Јанакиески, а Спире Ристески се обидел да му помогне, но и тој бил нападнат.

Инцидентот се случил надвор, за време на редовната прошетка од еден час што ја имаат притворените лица.