Милер побара да биде продаден

49

Легендарниот репрезентативец на Германија, Томас Милер, пред неколку дена ги информирал клупските челници на Баерн (М), дека сака да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.

За време на состанокот Милер открил дека не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и од односот со шефот на стручниот штаб, Нико Ковач. Исто така Милер потврдил дека не сака да остане во германската Бундес лига, затоа што не сака да игра за некој друг клуб освен за Баерн (М).