Милан остана без Ибракадабра!

146

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, заработи потешка повреда за време на денешниот утрински тренинг. Шведскиот фудбалер предвреме ја напушти тренинг-центарот на „росонерите“, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Постои можност Ибрахимовиќ да ја оштети Ахиловата тетива. Ако ова се потврди, тогаш тој може да ја заврши кариерата.