Најважната споредна работа на денешницата ќе биде актуелна и во следните неколку дена кога се на програма натпреварите од второто коло во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
Кога се во прашање денешните девет натпревари убедливо најголемо внимание ќе привлече пресметката на „Бај Арена“ помеѓу бранителот на тронот во Бундеслигата, Баер од Леверкузен и калчо гигантот Милан.
„Фармацевтите“ со убедливи 4:0 на гостувањето во Ротердам ја стартуваа европската клупска авантура, додека „росонерите“ на „Сан Сиро“ со 3:1 беа поразени од премиерлигашот Ливерпул.
-Дали ќе заминев на Октобарфест ако го победевме Баерн (М)? Што мислите вие? Заборавате дека веќе во вторник имаме дуел против Милан во Лигата на шампиони. Немаме време за Октобарфест, такво нешто нема во нашите глави. Веднаш се враќаме на тренинзите, мора да се подготвиме за следниот дуел. Ова е многу важна недела за нас, важна е за секој од нас, изјави предводникот на Баер од Леверкузен, Чаби Алонсо.
Градскиот ривал на Милан, тимот на Интер, има обврска да ја оправда фаворитската улога во дуелот против српскиот претставник, Црвена Звезда, а идентична обврска има и каталонскиот гигант Барселона кој на домашен терен го пречекува швајцарскиот претставник Јанг Бојс.
-Точно дека загубивме во Осасуна, но јас си нетпрпение го очекувам следниот предизвик. Сега сите сме фокусирани на дуелот во Лигата на шампиони. Сакаме и да победиме и да ги освиме првите три бода. Јанг Бојс е опасен и брз тим и затоа мора да бидеме екстра внимателни. Ќе видиме што можеме, изјави тренерот на Барса, Ханси Флик.
Денеска на програмата: РБ Салцбург – Брест, Штутгарт – Спарта П., Арсенал – ПСЖ, Барселона – Јанг Бојс, Леверкузен – Милан, Борусија Д. – Селтик, Интер – Црвена З., ПСВ – Спортинг Л., Слован Б. – Манчестер С.