Милановиќ: Санкциите од Западот кон Москва нема да и наштетат на Русија, но и прават штета на Хрватска

136

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека санкциите што Западот ги воведе кон Москва поради нападот врз Украина не функционираат и дека тоа нема да ѝ наштети на Русија, но и прави штета на Хрватска.

„Од Западот нема одговор, ништо. Имаме санкции кои не функционираат, тоа нема да и наштети на Русија, ако тоа е целта…Тоа што се случи нам ни наштети“, рече Милановиќ при посетата на Хвар, пренесува Хина.

За изјавите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека нема да оди на Јадранот, како и на градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, кој рече дека не му е јасно зошто некои Срби летуваат во Хрватска, Милановиќ рече дека Србите доаѓаат на море и дека е среќен поради тоа.

„Добредојдовте. Тоа е соседна земја и не мора во сѐ да се согласуваме“, рече Милановиќ.

На прашањето зошто Вучиќ го прави ова, тој одговори дека не знае бидејќи не е претседател на Србија туку на Хрватска.

„Добро, барем засега Вучиќ не зборува за Српско Море. Има тука многу фолклор“, додаде Милановиќ.