Милановиќ одби да испрати хрватски војници во Украина и објасни зошто

189

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека е против учеството на припадниците на хрватските вооружени сили во мисијата за поддршка на Украина и дека не дал претходно одобрение на предлогот на Владата, а доколку Владата инсистира на тоа, Собранието ќе одлучи со двотретинско мнозинство.

Во видео-обраќање, Милановиќ рече дека Хрватска на кој било начин не може значително да влијае на војната во Украина, ниту може да ја запре, но напоменува дека со добро осмислена и одговорна политика на државните органи може да го спречи ширењето на војната кон хрватските граници и да обезбеди мир и безбедност за сите хрватски граѓани.

„Затоа одбив да дадам претходна согласност за одлуката за учество на хрватската армија во мисијата за поддршка на Украина. Додека сум претседател, нема да дозволам учество на војници во такви активности бидејќи тоа не е национален интерес на Хрватска и потенцијално го загрозува целиот нејзин народ“, рече Милановиќ.