Мики Јовановски-Џафер “се дедоса”!!!

138

Некогаш многу популарен македонски поп-рок пејач Мики Јовановски-Џафер, кој се уште го препознаваме по мега-хитот “Сонце за три света”, од неодамна стана среќен дедо! На свет му дојде здраво, живо и прекрасно внуче, вистинскиот херој кој неговите родители му дадоа име Феликс Мишел Краус.

Се надеваме дека внукот кога ќе израсне ќе го наследи музичкиот талент на дедо му Мики. А, дека Мики нема зошто да не биде бескрајно радосен, кажува и неговиот фб-статус каде тој со големи букви напишал:”Ете, и јас се дедосав”!Инаку, Џафер има богата музичка кариера, но сепак се повелкува на некој начин од естрадата и работи како правник во Царинската управа.
Д.М.