Мики и Мини Маус в недела во Зоо ќе играат и ќе се сликаат со децата

16

На фејсбук-страницата на Зоолошката градина во недела е најавен интересен настан.

Двете маскоти од Дизниленд, познатите Мики и Мини Маус, почнувајќи од 12 до 15 часот, ќе ги забавуваат најмладите посетители.

Како што објасни портпаролката на Зоолошката градина, Тина Мицковска, тие ќе ги анимираат децата, ќе имаат интерактивни игри со нив, а децата ќе можат да се фотографираат бесплатно со нив.