МЗТ Скопје со пресврт го доби Куманово

94

Актуелниот кошаркарски шаммпион, МЗТ Скопје, триумфираше во првиот меч од Суперлигата, откако на домашен тререн го совладаа тимот на Куманово со 81:79.

„Металците“ во последните десет минути влегоа со негатива од 11 поени (65:54), но во последните десет минути успеаја да ја надокнадат (27:14) и да дојдат до победа на овој натпревар.

Гостите одиграа извонредни три четвртини, но малата ротација се покажа како клучна, па шампионот предводен од Дарко Соколов се врати и на крајот се радуваше на победата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Јуре Лалиќ со 17 поени и десет скока, Дамјан Стојановски постигна 14, а Дарко Соколов 12 поени. На спротивната страна Ковач уфрли 23 поени, Мекиќ со 20 поени и Стајиќ го заврши мечот со седум поени, седум скока и 14 асистенции.