МЗТ Скопје извојува голема победа над Блокотехна

87

Она што го посакуваше МЗТ Скопје, тоа и го оставри. Актуелниот кошаркарски шампион забележа значајна победа изразена со 14 коша разлика (87:73) во дерби дуелот против Блокотехна, со кој се врати на второто место во Суперлигата.

„Металците“ посакуваа победа со минимум осум коша, бидејќи во меѓусебните четири дуели имаат по две победи, па затоа кош разликата сега е на страна на тимот од Аеродром, со оглед на тоа дека двете екипи имаат по 50 поени. Доколку во полуфинале овие две екипи останат со ист број поени, предноста од домашен терен ќе ја имаат избраниците на Ѓорѓи Кочов, во серијата до три победи.

Најефикасен во победничкиот тим беше Стефан Синовец со 22 поени, еден помаку постигна Џордон Крафорд, додека на спротивната страна Бенџамин Двејд реализираше 26 коша.

Во наредното коло МЗТ Скопје му гостува на незгодниот Гостивар, додека Блокотехна го пречекува АВ Охрид.

ФОТО: Д. Митрески