Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје, со нов спонзор ќе тргне по одбрана на титулите во домашното првенство, беше промовирана соработката со српската мобилна компанија МТел.

  • Вистинско задоволство е што сум дел од оваа промоција на новиот партнер на МЗТ Скопје. Ова е поддршка ќе ни донесе нови победи на домашно и меѓународно ниво. МЗТ Скопје не е обичен клуб, тоа е емоција и љубов за сите ние кои живееме во Аеродром. Благодарност на МТел за подршката, ова е основа за долго партнерство. Благодарност до играчите и навивачите кои се основа за сите победи и успеси. И понатаму да се радуваме на нови успеси и радости, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Претходно, МТел стана спонзор и на лутиот ривал на „металците“, тимот на Работнички, а оваа компанија досега во Македонија вложила околу осум милиони евра во спортот.