Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје, забележа победа во првиот од двата пријателски меча против романска ЦСМ Крајова со 82:72. Тренер на романскиот тим е поранешниот предводник на аеродромци, Александар Тодоров.

Серијата 24:1 направена во вториот период со која негативата од осум поени (17:25) ја претворија во убедлива позитива (41:26) се покажа како клучна за победата на „металците“. Ова воедно беше четврти триумф во петтиот пријателски меч пред новата сезона. Претходно МЗТ Скопје ги совлада Гостивар, Вардар, Сигал Приштина и унгарски Шолнок, а загуби од романска Орадеа.

Нуни Омот со 19 поени беше најефикасен за тимот од Аеродром, Џабари Хиндс постигна 12, додека Андреј Маслинко 11 поени.