МЖСПП: Излеаната течност во ОХИС е целосно собрана, состојбата во фабриката е под контрола и дека нема место за паника

66

Излеаната течност во ОХИС е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста, соопшти вечерва Министерството за животна средина и просторно планирање, информирајќи ја јавноста дека состојбата  во фабриката е под контрола и дека нема место за паника.

-Пилевината ќе биде собрана во текот на утрешниот ден и соодветно, безбедно одстранета во специјални буриња за таква намена. Надзорот на локацијата ќе продолжи и утре, информираат од МЖСПП.

Истекувањето се случило во кругот на Органско Хемиска Индустрија “Наум Наумовски Борче”, каде правен субјект од Скопје препакува и отстранува отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство. Истечена е вода од цистерна во која бил претходно складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната, фирмата имала обврска истата да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот и затоа се почувствувала непријатна миризба во околината.