Меџити: Очекувам истрагата за онкологија да заврши во најкраток можен рок

48

Министерот за здравство Фатмир Меџити очекува истрагата за Клиниката за онкологија да заврши во најкраток можен рок. Тој смета дека на овој начин  пациентите ќе си ја вратат довербата и кон лекарите и кон здравствените институции.

Министерот Меџити информира дека има пациенти кои се обраќаат до Министерството за здравство, а дека потоа тие ги препраќаат до Обвинителството.