Како што вчера најави министерот за здравство Фатмир Меџити од први јануари 2024 година Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе функционира со еден генерален директор, а позициите за економски директор ќе бидат укинати. Според него со тоа драстично ќе се намалат трошоците,а не како сега да се редат огромни загуби. Тој вчера ја презентираше и новата апликација „Мое здравје“ со граѓаните ќе има увид во податоците за сопственото здравје како што се реализирани прегледи кај матичен лекар, специјалистички, лабораториски, дијагностички и болнички упати, рецепти, примени вакцини. Апликацијата е поврзана со системот „Мој термин“, од каде се преземаат сите податоци
Од први јануари 2024 година Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе функционира со еден генерален директор, а позициите за економски директор ќе бидат укинати. Ова вчера го најави министерот за здравство Фатмир Меџити кој посочи дека овие 80 дена од кога е дојден за министер тоа му е приоритетна желба. Тој појасни дека на средина на годината тоа не може да се реализира, бидејќи во Фондот за здравство треба да се направат завршните пресметки на клиниките. Според него со тоа драстично ќе се намалат трошоците,а не како сега да се редат огромни загуби.
-Информацијата е готова и од 1 јануари 2024 ќе има еден клинички центар со еден генерален директор. Економските директори, кои се всушност организациски директори едвај чекам да се укинат како позиции. А не да има ситуација како Заедничките служби на Клинички да не знаат што работат и да се во загуба 20 милиони евра. Еден директор на Клинички е вистиско решение- вели д-р Меџити и дополни дека пред 20 години одлично функционирал клинички со еден директор.
Меџити не го интересираат политичките притисоци, според него здравството мора да функционира во интерес на пациентите.Тој вчера ја презентираше новата апликација „Мое здравје“ со граѓаните ќе има увид во податоците за сопственото здравје како што се реализирани прегледи кај матичен лекар, специјалистички, лабораториски, дијагностички и болнички упати, рецепти, примени вакцини. Апликацијата е поврзана со системот „Мој термин“, од каде се преземаат сите податоци, а таа вчера беше презентирана од министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој ќе го трансформира начинот со кој управуваме со нашето здравје.
– Преку „Мое здравје“ можете лесно да пристапите и да ја истражувате вашата медицинска историја. Оваа апликација ја става моќта на информацијата директно во вашите раце. Она што го издвојува „Мое здравје“ е неговата беспрекорна интеграција со системот „Мој термин“, посочи министерот.
Портпаролката на Министерството за здравство, Берна Шерифовска изјави дека апликацијата ветува подобрување во здравството, односно овозможува лесен, брз и ефикасен пристап до медицинската историја на граѓаните. Сите пациенти во земјава, може да ја симнат оваа апликација која е достапна за Андроид и Епл телефони и да пристапат до целосните здравствени податоци во нивната медицинска историја, како што се рецепти, дијагнози, третмани и примени вакцини, како и до податоците за нивните деца ако се водат под нивното здравствено осигурување.
Жаклина Чагороска од „Мој Термин“ информираше дека со новата апликацијата податоците што се видливи за матичните лекари и за специјалистите, сега се достапни и за пациентите на нивните мобилни телефони. Апликацијата е достапна на македонски, англиски и албански јазик. Сите информации се поделени во две категории – активни и архива. Активни се сите актуелнни документи, а архива се сите изминати документи за повеќе години наназад.
Министерот Меџити укажа дека во иднина ќе се реши и проблемот со пациентите кои што закажуваат термини,а потоа не се појавуваат. Според него се бара решение за ваквото неодговорно однесување.
-Можеби и кај пациентите треба да има „една мала дисциплина“, затоа што многу често пациенти кои имале закажано, пред се за компјутерска томографија или магнетна резонанса, не се појавуваат на закажаниот термин, а не ги откажуваат термините- реагира Меџити и дополни дека ќе се најде решени и за закажување на специјалистички прегледи
Меџити се осврна и на проблемот со паркинзите на Клиничкиот центар, кои од стартот на неговиот мандат се обидува што да го реши. Најави дека засега единствено решеноие е преку монтажни гаражи. Истовремено министерот нарави решение како да се надмине недостатокот на здравствен кадар. Според него неопходна е добра реаогранизација, но истовремено најави и нови вработувања особено од средномедицинскиот кадар.
Министерот кажа дека сите лифтови во болниците ќе бидат реновирани и нема да дозволи пациенти со кебиња да се носат, како што е сега е случајот во Тетовската болница.
(В.Ма.)