Поранешната кошаркарска ѕвезда Меџик Џонсон е прогласен за милијардер од „Форбс“, што го прави само четвртиот спортист што му се приклучил на тој ексклузивен клуб.

Деловното списание го проценува богатството на Меџик на 1,2 милијарди долари. Меѓу спортистите милијардери се само НБА-играчите Мајкл Џордан и Леброн Џејмс, како и голферот Тајгер Вудс.

Џонсон има инвестирано во многу компании и има сопственички удели во различни спортски клубови, но најголемиот дел од неговото богатство е во компанија за животно осигурување, пишува „Форбс“.

Сега 64-годишникот  ја имаше една од најпознатите кариери во историјата на НБА пред да се пензионира во 1996 година, но најголемиот дел од парите ги заработи надвор од спортот.

„Форбс“ наведува дека Меџик во својата НБА кариера заработил околу 40 милиони долари. Џонсон има сопственички удели во три спортски клубови со седиште во Лос Анџелес, вклучувајќи го и Лос Анџелес Доџерс.

Покрај спортот, инвестирал и во Старбакс, Бургер Кинг, „24 Hour Fitness“ и во компанијата за животно осигурување „EquiTrust“.

Тој рече дека можел и претходно да стане милијардер, доколку не ги отфрли акциите на Најк кога влезе во НБА во 1970-тите. Тој потпиша договор со брендот „Конверс“, кој потоа му нудел 100.000 долари годишно.