Мет Дејмон себе си се нарече „најглуп актер во Холивуд“

101

Добитникот на Оскар Мет Дејмон откри во едно интервју дека „одбил прилика, која не се одбива“. Имено, кога Џејмс Камерон го снимаше филмот „Аватар“, тој му понудил на Дејмон улогата и можност да биде еден од продуцентите за десет проценти од заработката.

Сега, за промоцијата на филмот „Ferari vs Ford“, тој мораше да се потсети дека ја пропушти шансата да се појави во блокбастер и да заработи огромни пари.

„Јас сум најглупавиот актер во Холивуд“, му рече Дејмон на еден новинар, а Кристијан Бејл на тоа се надоврза: „250 милиони, тоа добро ќе ти дојдеше…“.

„Најлошото од сè, во преговорите со Џејмс, е што ми рече дека снимил само шест филмови до тогаш. Јас сум најлошиот бизнисмен што постои“, рече Мет.