Методи за отстранување на разни дамки од тепихот

130

Прашокот за алишта не се препорачува – ги оштетува килимите

Дамките од килими се секојдневие, без разлика дали имате мали деца, миленичиња или живеете сами. Едноставно, на секого понекогаш му се случува да му падне нешто на килимот. Дамките на тепих најдобро е да се отстранат веднаш бидејќи потоа стануваат тврдокорни и тешко отстранливи. Употребата на прашок за перење алишта воопшто не се препорачува, бидејќи е премногу агресивна, може да ги избледи боите на третираната површина или да ги оштети влакната на килимот. Затоа при отстранување дамки, потребно е да користите средства за чистење теписи. Ако немате таков производ, користете благ раствор на детергент за миење садови, вода, оцет, течен сапун, алкохол….

Како да се отстранат дамките од чоколадо?

Чоколадото содржи голема количина маснотии, што може да ги уништи вашите теписи ако не реагирате веднаш. Дамките од чоколадо мора веднаш да се исплакнат со топла вода. Откако ќе ги отстраните површинските остатоците од чоколадото, дамката може да ја третирате со алкохол, а потоа и со раствор на вода и детергент. Ако вашиот килим е направен од синтетички влакна, може да капете 12% водород на дамката. Ако тепихот е волнен, ставете неколку капки вода и амонијак. Бидејќи влакната од килимот се густи, можеби ќе треба да ја повторите постапката неколку пати, сè додека дамката не исчезне целосно. Втапкајте ја влагата од тепихот со чиста крпа.

Како да се отстранат дамките од кафе?

Истуреното кафе ќе го расипе изгледот на кој било тепих, а дамката ќе се забележи дури и на најшарените теписи. Исушените дамки се секогаш потешки за отстранување од свежите, затоа мора веднаш да започнете со чистење. Со чиста крпа внимателно избришете го кафето за да не навлезе во подлабоките слоеви на тепихот. Измешајте лажица течен сапун со лажица оцет и две чаши вода и нанесете на дамката. Тријте го добиениот агенс за чистење од рабовите на дамката кон средината, за да не се шири дамката. Впијте  ја течноста со чисти крпи, а потоа исплакнете ја извалканата површина.

Како да се отстранат дамките од црвено вино?

Дамките од црвено вино може да се отстранат со раствор на: течен сапун, сода бикарбона и студена вода. Комбинирајте исто количество од сите состојки. Прво, поминете ја дамката со чиста крпа, а потоа нанесете го растворот и нежно истријте  ја дамката. Потоа притиснете ја областа со чиста крпа за да соберете вишок течност. Можете да ја повторите постапката неколку пати за да ја отстраните дамката. Ако белиот прав остане на тепихот по чистењето, тоа е сода бикарбона, исплакнете ја со вода.

Како да се отстранат дамките од кока-кола?

Дамките од кока кола може да се отстранат  со благ раствор на: вода и детергент за садови, откако ќе ја исушите дамката со чиста крпа. Дамката и  исчистеното место не ги сушете со фен бидејќи ги уништува влакната на тепихот.

Како да се отстранат дамките од восок?

Ако восокот ви залепи на тепих, не очајувајте. Изгребете го зацврстениот восок со лажица, и ставете чиста хартија на остатокот од дамката и поминете  со  загреана пегла. Пеглата ќе го стопи восокот, кој ќе се залепи на хартијата. Користете бела хартија, а не хартија од весници, за да не се појават букви и слики на вашиот килим.

Подготви: М.А.