Мета во посета на украинската амбасада во Тирана: Страните да најдат решение по пат на дијалог

42

Нашите напори и како земја членка на НАТО, но и како земја која цели кон членство во ЕУ, во однос на војната во Украина беа и остануваат јасни, на истата линија со НАТО и ЕУ рече претседателот Илир Мета по средбата со украинскиот амбасадор во Тирана, Володимир Шкуров.

Порача дека Русија и Украина треба да ја прекинат војната и да најдат решение за ситуацијата преку дијалог, притоа додавајќи дека се надева оти оваа состојба на агресија ќе биде надмината што е можно поскоро.

– Секако дека направивме и ќе вложиме максимални напори, заедно со сите демократски и одговорни земји, да промовираме не само прекин на огнот и продолжување на дијалогот, но истовремено веруваме дека само патот на дијалог во еднакви позиции е решението. Тие ја бранат својата слобода и достоинство, како европски народ кој во минатото даде толку многу за слободата, но кој денес дава инспиративен пример да ја заштити не само својата држава, да го заштити не само нивното национално и човечко достоинство, но и најдобрите европски вредности. Значи, ние сме на страната на Украина и на претседателот Зеленски, додаде Мета.

Се надеваме, посочи, дека оваа ситуација ќе се надмине што е можно поскоро, но секако дека Албанија ќе остане покрај народот на Украина и во рамките на можностите ќе ги „преземеме нашите одговорности и ќе го споделиме товарот на солидарноста со сите други земји од ЕУ“.

Амбасадорот Шкуров, му изрази благодарност и признание до албанскиот претседател Илир Мета за проукраинскиот став, во име на украинскиот народ и претседателот Зеленски.

-Како амбасадор на Украина во Албанија, и пред да започне конфликтот, ја почувствував поддршката на господинот Илир Мета. По почетокот на војната, господинот претседател беше меѓу првите што ја поддржа Украина. Денеска на средбата имав можност да му изразам благодарност во име на претседател Зеленски и од украинскиот народ, рече тој