Поранешниот македонски ракометен шампион, тимот на Металург ќе мора да игра две квалификациски кола за влез во Лигата на Европа, новоформираното натпреварување при ЕХФ

Со Металург во првото квалификациско коло ќе биде и тимот на Бутел, додека во шеширите за првата квалификациска рунда ќе бидат уште Горица, Дубрава и Спачва (Хрватска), Скјерн, Силкеборг и Холстебро (Данска), Мелсунген (Германија), Бидасоа (Шпанија), Валур (Исланд), Бенфика (Португалија), Арендал (Норвешка)…

Ждрепката за квалификациските рунди ќе биде извршена на 28 јули во Виена, а првите натпревари од квалификациите ќе се играат на 29/30 август.

Фото: РК Металург