Тимовите на Металург и Бутел Скопје ги дознаа противниците во квалификациите за Евопската лига.
Меѓу Горица, Спачва Винковци, Браун Ѓунѓеш, Констанца и ЦСКА Москва, Металург ги избегна Романците и Русите и доби ривал од Хрватска (Спачва Винковци). Противник на Бутел Скопје ќе биде унгарскиот тим Ѓунѓеш.
Европска лига – квалификации (прво коло)
Потаиса Турда – Горица
Доброгеа Суд – Виктор Ставропол
СКА Минск – ЦСКА Москва
Ѓунѓеш – Бутел Скопје
Металург – Спачва Винковци
Натпреварите од првото коло од квалификациите се играат на 29/30 август и 5/6 септември. Битолски Еурофарм Пелистер има директно место во групната фаза на Европската лига.