Најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси, кариерата ќе ја продолжи во САД, во тимот на Интер Мајами.
Иако изминативе денови се споменуваа неколку опции за негов трансфер, како најголеми фаворити беа Барселона и Ал Хилал, сепак Аргентинецо се одлучи за тимот под чија капа е легендарниот Дејвид Бекам, кој сигурно имал удел за овој трансфер.
Се очекува официјално клубот да го потврди тоа во следните часови, но Меси веќе ставил потпис на договорот, а за сето тоа открива и познатиот новинар Фабрсио Романо, кој секогаш е добро запознаен со случувањата во фудбалот и има „продолжено уво“ во фудбалскиот свет.
BREAKING: Lionel Messi to Inter Miami, here we go! The decision has been made and it will be announced by Leo in the next hours #InterMiami
Messi will play in MLS. No more chances for Barcelona/Al Hilal despite trying to make it happen.
#Messi #MLS pic.twitter.com/OTYWIlEzNc
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 7, 2023
Исто така не е исклучена и можноста Меси во првите две години од договорот да замине на позајмица во Барселона за одредена сума, како дел од договорот, но засега, тие детали не се познати. Повеќе информации околу неговиот официјален договор ќе бидат познати во наредните неколку дена.