Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, за противник во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони го доби каталонскиот гигант Барселона, кој важи за фаворит според обложувалниците, кога е во прашање пласманот во следната елиминациска рунда.
Актуелниот шампион на Шпанија доминира на зелениот терен благодарение на аргентинскиот интернационалец Лионел Меси, кој и во неделата покажа дека е во совршена форма, откако без многу мака постигна нов хет-трик на дуелот против екипата на Бетис од Севилја.
Иако е вистински кошмар за противничките дефанзивци, централниот бек на “црвените ѓаволи”, Крис Смолинг, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека само он ја знаел слабоста на Меси и дека тоа ќе го искористи за време на меѓусебните дуели.
- Постои само една слабост во играта на Меси, која само јас ја знам. Мислам дека останатиот дел од светот не е свесен за тоа, но јас нема да зборам на оваа тема, изјави репрезентативецот на Англија.
Тешко дека немој може да открие што точно мисли Смолинг, но далеку појасна слика ќе имаме на “Олд Трафорд” и на “Ноу Камп”. Првиот натпревар се игра во Манчестер на 10 април, а реванш дуелот во Барселона се игра една недела подоцна.
Сепак, за Смолинг е најважно во дуелите со Меси да не заврши како што помина дефанзивецот на Баерн (М), Џером Боатенг, кој се уште е предмет на исмејување.