Меси знае дека парите не се проблем

15

Аргентинскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Серхио Агуеро, откри дека сака во новата клупска сезона за партнер во нападот да го има својот сонародник од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси.

  • Ако бидеме максимално искрени, тогаш ќе кажеме дека парите не се никаков проблем. Меси е еден од тие елитни фудбалери, како што е Роналдо, кој е клупски симбол и тешко му е да го напушти актуелниот клуб и да потпише за некој друг, изјави Агуеро за аргентинскиот Тик спорт.

Агуеро и Меси се соиграчи во репрезентацијата на Аргентина, а Лео се уште не го продолжил договорот со Барселона кој му завршува во 2018 година.

  • Како тоа да не би сакал Меси да ми биде тимски колега? Би сакал да дојде во редовите на Манчестер Сити, но мислам дека тоа ќе биде тешко остварливо, додаде Агуеро.

Аргентина во последното квалификациско коло обезбеди директен пласман на престојниот Мундијал во Русија, а поради повреда, Агуеро дуелот против Еквадор го следеше од пред малите телевизиски екрани.

  • Го гледав натпреварот со мојата мајка. Бев нервозен, но на крајот многу се израдував. Разговарав со Меси, му честитав и му се заблагодарив за тоа што го постигна. Ние сме една група и сме многу блиски, заврши бомбардерот на Манчестер Сити.