Меси го игра јубилејниот 1000. натпревар во кариерата

18
epa10331291 Lionel Messi of Argentina and teammates celebrate after the FIFA World Cup 2022 group C soccer match between Argentina and Mexico at Lusail Stadium in Lusail, Qatar, 26 November 2022. EPA-EFE/Friedemann Vogel

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси вечерва го игра осминафиналниот натпревар на Светското првенство 2022 година против селекцијата на Австралија. Триесет и петгодишниот Аргентинец слави јубелеј – 1.000-ти натпревар во својата професионална кариера.

Меси најголемиот дел од кариерата го помина во Барселона. За шпанскиот клуб одигра 778 натпревари.

За сегашниот негов клуб, ПСЖ одигра 53 натпревари, а уште 168 пати беше на теренот како дел од репрезентацијата на Аргентина.

Лионел Меси има постигнато 788 голови.