
Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем се обидува веднаш да ги осигура услугите на трофејниот германски стручњак Јулијан Нагелсман, кој пред неколку дена доби отказ од раководните лица на Баерн (М). Популарните „петли“ се обидуваат на секаков можен начин да стават крај на соработката со актуелниот менаџер, Антонио Конте, а испразнетото столче сакаат да го пополнат со 35-годишниот германски стручњак.