Менаџерското столче за Валверде

68

Трофејниот шпански стручњак, Ернесто Валверде, е последниот тренер кој се поврзува со менаџерската функција во редовите на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, открија британските медиуми. „Црвените ѓаволи“ пред неколку дена ставија крај на соработката со норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскер, кој беше посочен како главен виновник за очајните резултати во актуелната сезона.