Италијанските медиуми пишуваат дека познатиот ирски ММА борец, Конор Мекгрегор, го претепал познатиот италијански ди-џеј Франческо Фачинети.

Нападнатиот Фачинети се огласи преку Јутјуб-каналот и рече дека тој и неговата сопруга биле во друштво на Мекгрегор повеќе од два часа, а потоа настанал вистински хаос. Исто така, Италијанецот ги покажа повредите што му ги нанел Ирецот.

  • Конор Мекгрегор ме удри со тупаница во устата и ми го скрши носот пред десет сведоци, моите пријатели и неговите телохранители. Ме нападна без причина откако разговаравме и се забавувавме два часа. Можев да молчам и да не кажувам ништо за ова, но штом сум тука, морам да кажам дека таа личност е насилна и опасна. Го примив ударот без причина, а тој удар можеше да го добие некој друг, мој пријател, сопругата… Затоа решив да го тужам, бидејќи тој е опасна и насилна личност, истакна Фачинети во обраќањето на социјалните мрежи.

Неговата сопруга Вилма исто така се огласи на Инстаграм.

  • Одеднаш Конор го удри Франческо. Не повикаа на друга забава, Франческо рече дека одиме и го удри. За среќа, Франческо беше близу него, така што Конор не можеше да го удри силно. Франческо падна на масата, а потоа на подот. Прво се запрашав дали е некоја шега, нивно шоу, а потоа се стаписав. Погледнав наоколу и ги видов неговите пријатели кои го држеа за да не го удри повторно Франческо. Го одвлечкаа додека вклучив светла, но чуварите брзо ги исклучија. Франческо крвареше, сакав да му помогнам, но чуварите не разделија. Конор ќе остане во Италија до 26 октомври. Ако го видите, држете се подалеку од него. Не приоѓајте му и не барајте му автограм затоа што тој е нестабилна и опасна личност, напиша Вилма.