Мекалистер е на слатки маки

68

Британските медиуми немаат дилема дека аргентинскиот интернационалец од редовите на премиерлигашот Брајтон, Алексис Мекалистер, сигурно ќе ја промени средината за време на летниот преоден рок. Одличниот играч за врска, кој е проценет на околу 50 мил. фунти, не крие дека сака да игра за клуб кој се натпреварува и во Лигата на шампиони, а интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Челзи и Ливерпул.