Медицински советници на полската Влада за Ковид-19 поднесоа оставки

15
Тринаесет од 17 полски владини советници за Ковид-19 денеска поднесоа оставки, обвинувајќи ја популистичката власт за забавеност во борбата против пандемијата.
Препораките на медицинските советници се недоволно имплементирани во потезите што ги презема Владата, објаснуваат тие во соопштението што го пренесе агенцијата ПАП неколку дена откако Полска со 38 милиони жители го премина прагот од 100.000 смртни случаи од коронавирус.

Лекарите негодуваат на „зголемената толеранција на владата кон оние кои негираат дека Ковид-19 претставува закана и дека вакцинацијата е важна во борбата против пандемијата“.

– Владата постапи многу ограничено кога се случи есенскиот бран на коронавирус, а потоа постапи на ист начин како одговор на заканата од варијантата омикрон, и покрај огромниот број смртни случаи, се вели во образложението.

Тие поднесоа оставка откако постојано ја повикуваа владата да воведе построги ограничувања во пандемијата и да ја зајакне вакцинацијата.

Неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство се јавни противници на вакцинацијата, а Владата зависи од нивните гласови во Парламентот.

Полска од почетокот на пандемијата на Ковид-19 до денеска потврди 4,28 милиони заразени и 101.841 починати пациенти.