Медисон е летен приоритет

60
Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Ливерпул, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на стандардниот првотимец во дресот на Лестер, Џејмс Медисон.
Благодарение на одличните игри во изминатата и на почетокот од новата сезона во Премиер лигата, офанзивниот играч за врска го привлече вниманието на најбогатите клубови на Островот. Според челниците на Лестер, Медисон вреди најмалку 60 мил. фунти, а голем интерес за неговите услуги покажаа и челниците на Манчестер Јунајтед.