Академијата за филмска уметност и наука ги обелодени потесните листи на девет категории за „Оскар“, вклучувајќи документарни и интернационални остварувања.

На листата на документарни филмови се најде и македонскиот „Медена земја“. Тој во оваа категорија ќе се натпреварува со уште 14 докуметарци, меѓукои American Factory, Apollo 11, The Biggest Little Farm, For Sama, Knock Down the House, Maiden и One Child Nation. Сто педесет и девет филмови конкурираа во оваа категоријата.

Воедно „Медена земја“ е поместена и на листата на интернационални филмови. Во оваа категорија, која претходно беше позната како најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, македонскиот филм ќе се бори за Оскарот со девет филмови: “The Painted Bird” (Чешка), “Truth and Justice” (Естонија), “Les Misérables” (Франција), “Those Who Remained” (Унгарија), “Corpus Christi” (Полска), “Beanpole” (Русија), “Atlantics” (Сенегал), “Parasite” (Јужна Кореа) и “Pain and Glory” (Шпанија). Деведесет и еден филм од уште толку земји се пријавија во оваа категорија.

Номинираните за Оскар ќе бидат откриени на 13 јануари, додека 92-тата годишна церемонија за доделување на наградите на Академијата е најавена за 9 февруари.