Медведев: Западот нè турка во трета светска војна

85
Фото: Принтскрин

Британските инструктори во Украина ќе бидат легитимна цел на руската армија, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Тој додаде дека руските сили ќе ги уништат не како платеници, туку како експерти на НАТО.

-Западот, активно вклучувајќи се во конфликтот во Украина, нè турка во трета светска војна“, предупреди тој, пренесува „Спутник.“

Медведев додаде дека министерот за одбрана на Велика Британија одлучил да ги пренесе курсевите за обука на англиски јазик за украинските војници на самата територија на Украина, односно, како што вели, неговите инструктори да ги претвори во легитимна цел на руските вооружени сили.

Британски „Телеграф“, повикувајќи се на министерот за одбрана Грант Шапс, пренесе дека Министерството за одбрана има намера првпат да распореди свои сили во Украина, во согласност со плановите што ги разгледува воената команда и дека министерот поканил неколку британски компании од секторот на воената индустрија ќе отворат фабрики во Украина, пренесува „Спутник.“