Медведев:Украина би можела да исчезне по специјалната воена операција

243
Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев изјави дека Украина може да исчене по завршувањето на руската специјална воена операција, а нејзината територија може да биде поделени помеѓу Москва и неколку евопски држави.
Медведев додаде дека Москва е заинтересирана централните украински региони да се приклучат на Русија, бидејќи на тој начин судирот би можел да заврши засекогаш.
„Западните територии на Укеаина се придружуваат на низа земји од ЕУ. Народот на централна и некои други региони на Украина веднаш се изјаснува преку самоопределување за влез во Руската федерација. Нивното барање е одобрено, а судирот се завршува со размена на гаранции дека нема наскоро да продолжи“, рече Медведев.
Поранешниот претседател, исто така, рече дека постои сценарио судирот да стане траен „со закана за Трета светска војна“ ако Украина биде делумно под контрола на ЕУ и НАТО, пишува Риа новости.