МВР:Евидентирани 20 инциденти, приведени 12 лица

45

 

Еден поголем и неколку ситни инциденти и прекршувања на јавниот ред и мир, неколку приведени лица и една кривична пријава-е епилогот на референдумскиoт ден кој според оценката на експертите бил мирен.

Според последните податоци на полицијата  денес биле регистрирани вкупно 20 инциденти. “До 19 часот евидентирани се 20 случаи на прекршување на избирачкото право или нарушување на јавниот ред и мир за време на гласањето на референдумот, информира на вечерашната прес-конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Меѓу евидентираните случаи имало напад на полициски службеник, фотографирање на гласачи, фотографирање на гласачко ливче, спречување на граѓани да гласаат и друго.
Во полициска станица се приведени или повикани 12 лица.

Дел од овие случаи, како што посочи Ангеловски се веќе документирани и поднесени се соодветни поднесоци, а останатите ќе се расчистат во текот на наредните денови.

Најголемиот инцидент е забележан во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, кога 22-годишниот скопјанец К.Ж. вербално нападнал жена и вознемирувал гласачи. По реакцијата на полицијата, тој физички нападнал и тројца полициски службеници, по што бил приведен и однесен во полициската станица Аеродром.
Против скопјанецот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело

Пријавен е случај од страна на 80-годишен маж од Зубовце, Гостиварско кој пријавил дека бил навредувана од 64-годишната С.М. а во Штип бил регистриран инцидент каде сопругот и го искинал рефрендумското ливче на неговата сопруга по што тој бил приведен во полиција.

Во Гостивар пак, приведена била сестра на пратеничка оти сликала гласачи на избирачко место. И против неа по целосно расчистување на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.

И од обвинителствотот велат дека е симболична е бројката на пријави пристигнати до привремената комисија формирана од Јавното обвинителство на РМ
“Генерално можам да заклучам дека атмосферата беше мирна, немаше поголеми нарушувања на редот и мирот за време на гласањето во текот на денешниот ден. Можеме да заклучиме дека денешното гласање на референдумот е едно од најмирните денови на гласање во последните изборни циклуси, било да се парламентарни или локални избори, рече вечерва на прес-конференција јавниот обвинител на РМ и претседател на Комисијата, Џељаљ Бајрами.