Мбапе тера мајтап на своја сметка

725
epa11418921 Kylian Mbappe of France reacts after an injury during the UEFA EURO 2024 group D soccer match between Austria and France, in Dusseldorf, Germany, 17 June 2024. EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Најдобриот француски фудбалер, Килијан Мбапе, го скрши носот за време на натпреварот против селекцијата на Австрија кој заврши со минимален триумф на „Галските петли“.

По дуелот од таборот на „триколорите“ потврдија дека Мбапе има фрактура на носот и дека ќе мора да игра со специјална маска до крајот на ЕП 2024.

Дека ќе биде се во најдобар ред потврди и самиот Мбапе кој реши да се пошегува на својата сметка.

„Имате ли идеја за маска?“, објави Мбапе на социјалните мрежи, па доби разни одговори од фановите.

Следен противник на Франција на Европското првенство ќе биде Холанија против која ќе играат во петок од 21:00 часот.