
Пред почетокот на полуфиналниот дуел помеѓу репрезентациите на Франција и Мароко, топката која ја шутна Килијан Мбапе заврши во лицето на еден француски навивач. Навивачот откако беше погоден од топката, се фати за лице но не се струполи на трибините бидејќи го задржаа гледачите што беа околу него. Мбапе веднаш дотрча до него да види како се чувствува и се извини.