Мајмун се шета на покрив од куќа во Белград/ВИДЕО

181

Српските портали објавија видео на кое се гледа мајмун на покривот на куќа во, како што пишуваат, белградската населба Карабурма. Видеото за прв пат беше објавено вчера на страната на Инстаграм moj_beo_grad.

Не е јасно како мајмунот завршил на слобода, ниту пак, во Белград. Тоа се мајмуни од родот „макаки“ (Macaque). Постојат дваесет и три видови „макаки“ кои живеат низ Азија, Северна Африка и Гибралтар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

На видеото се слуша гласот на една личност која вели дека на мајмунот му дала чоколадо и јаболка, кои животното ги земало и потоа повторно побегнало.

Засега не е познато што се случило со животното откако било снимено.